LG конечно ги откри цените за поголем дел од своите 2021 4K OLED TV уреди, а ќе им одговараат и на оние кои сакаат да заштедат или да потрошат вистинско мало богатство за телевизор.
A1 Series има почетна цена од 1.299 долари за 48-инчниот модел кој пристигнува во јуни, додека во април доаѓаат 55-инчниот (1.599 долари), 65-инчниот (2.199 долари) и моделот од 77-инчи (3.199 долари). Овие модели не се опремени со карактеристики како што се променлива брзина на освежување до 120Hz, HDMI 2.1 и најнов процесор, но поседуваат други модерни карактеристики, како што е високиот контраст и живописните бои што ги нуди OLED технологијата.
C1 линијата од среден опсег почнува со цена од 1499 долари за 48-инчниот модел, а ќе се појави во продажба од април. Од месец март ќе се продаваат 55 инчни (1.799 долари), 65 инчни (2.499 долари) и 77 инчни (3.799 долари) телевизори, додека најскап ќе биде моделот со 83 инчен екран со цена од 5999 долари, кој ќе биде достапен од мај.
Централната понуда на LG телевизорите ја сочинува G1 Gallery серијата, во рамките на која, во текот на април пристигнува 55-инчниот G1 со цена од 2.199 долари, додека од март ќе бидат достапни моделите од 65 и 77 инчи, со цени од 2.999 и 4.499 долари.
За оние кои сакаат 8K OLED, LG во понудата ја има и ZX линијата, која има почетна цена од 19.999 долари за 77-инчната верзија, како и моделот од 88 инчи со цена од 29.999 долари.