Пред неколку недели се појавија 3Д рендери за Huawei P50 и P50 Pro, кои ги објави дојавувачот OnLeaks. Двата уреда имаат интересен дизајн на системот на камери на задната страна, со големи кругови во овалниот модул за камери. Меѓутоа, овие кругови останаа неисполнети на рендерите.
Сега, дојавувачот HoilNDI објави рендери од досега невидениот Huawei P50 Pro+ модел, а кои откриваат што се наоѓа во споменатите кругови. Се сугерира дизајн со пет камери, каде што перископ и помалиот сензор се сместени во еден круг, додека трите камери (+ ToF сензор?) се сместени во втор круг.
Се сугерира дека овие рендери можеби не се точни во целост. Минатиот месец, истиот дојавувач објави многу поинаков изглед за системот за камери на P50 Pro+. Можно е Huawei да тестира различни прототипи, пред да донесе одлука за конечниот дизајн, а од објавата на P50 линијата веројатно не делат месеци.
Рендерите покажуваат дека од предната страна P50 Pro+ има закривени рабови на екранот. Според извештаите од минатата година, Huawei требаше да користи Samsung и LG OLED дисплеи кај P50 серијата, но останува да се види дали ова и натаму е актуелно, со оглед на санкциите со кои компанијата се соочува веќе подолго време.
Поврзани артикли