OnePlus се подготвува да ја претстави својата следна линија телефони – OnePlus 9, а се очекуваат моделите OnePlus 9, OnePlus 9 Lite и OnePlus 9 Pro.

Според информациите на дојавувачот Digital Chat Station, OnePlus 9 би можел да биде опремен со истиот рамен екран што го користеше и OnePlus 8T. Станува збор за 6,55 инчен AMOLED екран, со поддршка за освежување од 120Hz. Екранот има punch-hole отворза селфи камерата, како и тенки рамки околу дисплејот.

Фотографиите на уредот веќе се појавија онлајн, а прикажуваат правоаголен систем на камери кој има три вертикално поставени камера сензори. Покрај секундарната камера има посебен засек, за кој се верува дека е ласерски автофокус. Главната камера би требало да има сензор од 48MP, додека од предната страна се очекува 16MP селфи камера. Оперативниот систем од старт ќе биде Android 11.

OnePlus 9 Lite би требало да користи Snapdragon 870 чипсет, AMOLED екран со 90Hz освежување и Android 11 оперативен систем. Гласините сугерираат дека OnePlus 9 и OnePlus 9 Pro нема да имаат перископ камери.