Руската ракета Soyuz е лансирана со 36 сателити, кои ги произведе британската компанија OneWeb.

Се работи за сателити кои се приклучуваат на констелацијата мали сателити дизајнирани да ја зголемат покриеноста со интернет низ целиот свет. Руската вселенска агенција Роскосмос преку Twitter ја информираше јавноста за лансирањето, вклучувајќи го и процесот на одвојување на ракетниот мотор од остатокот на леталото.

Објавени се и фотографии и снимки од лансирањето извршено од космодромот Восточни. Ова беше вкупно петти годинашен лет на ракетата Soyuz.

Проектот OneWeb започна во 2019 година, а моментно во орбитата на Земјата се наоѓаат околу 650 сателити. Целта на констелацијата е да обезбеди ефтин пристап до интернет со големи брзини ширум целиот свет, вклучувајќи ги и деловите со слаб или никаков пристап.