LG претстави нов 4K IPS монитор, кој го краси засилена можност за конекции и хардверска калибрација на боите. LG 27UP850 е наменет за креаторите кои работат со HDR содржина.
LG 27UP850 мониторот има 27-инчен 4K IPS панел, со 60Hz стапка на освежување, 5ms G2G одзив и 10-битна длабочина на бои. Благодарение на 1200:1 статичкиот контраст и осветлувањето од 400 нита, панелот може да покрие до 95 проценти од DCI-P3 спектарот на бои. Покрај тоа, мониторот има DisplayHDR-400 сертификат.
Мониторот има хардверска калибрација преку LG Calibration Studio софтверот, овозможувајќи им на корисниците полесно да ги калибрираат боите на уредот. Достапна е AMD FreeSync компатибилност, а тука се и гејминг функциите како Game Mode, Dynamic Action Sync и Black Stabilizer.
Кога станува збор за приклучоците, LG 27UP850 има 2x HDMI портови, DisplayPort 1.4 и USB hub со 2x USB-A 2.0 портови, USB-C приклучок и DP Alternate Mode. Присутен е и 3.5мм приклучок и два интерни 5W звучника.
LG 27UP850 мониторот е достапен за продажба од овој месец, по цена од 549 евра.
Поврзани артикли