Почнуваат да се појавуваат се повеќе извештаи за голем број корисници, кои доживуваат ненадејни падови на апликациите на своите нови Samsung телефони, но и на други уреди.
Корисниците на Galaxy S20 и S21, Note 20, A50 и A70 сериите, меѓу другите, се најпогодени од овој проблем. Постојат и извештаи дека истиот проблем се јавува и кај Pixel, Motorola и OnePlus моделите. Сопствениците на постарите уреди на Samsung, вклучувајќи го J7, пријавуваат слични проблеми. Кога станува збор за апликациите што предизвикуваат пад на системот, тие не зависат од функцијата или програмерот, и без предупредување константно го уриваат системот.
Некои корисници пријавија успешно решение на проблемот, користејќи релативно едноставен метод: деинсталирање на Android System Webview алатката, која им овозможува на апликациите да ги рендерираат веб-страниците на Chrome без да ја напуштат апликацијата. Корисникот на Redit, WatfordHert, детално го објасни овој метод.
Потребно е да се отиде во главното Android Settings мени, а потоа да се притисне „Apps & Notifications“ (само Applications на некои телефони). Пронајдете го Android System Webview во листата и кликнете на таа опција (нема потреба да се оневозможи апликацијата).
Потоа треба да се притисне на трите точки во горниот десен агол на екранот и да се избере „Uninstall updates“. Ова нема во целост да го избрише Android System Webview, бидејќи се работи за битна компонента и голем број апликации би престанале да функционираат без неа. Наместо тоа, ќе ги отстрани ажурирањата инсталирани преку Play Store и ќе ги врати на верзијата која пристигнува со телефонот. Откако ќе се појави порака за предупредување, потребно е да се притисне ОК. Доколку апликациите и натаму се рушат, рестартирајте го телефонот.
Се очекува дека некое идно ажурирање ќе го реши овој проблем, доколку навистина е во прашање Android System Webview, а дотогаш е можно да се користи решението на WatfordHert.
Поврзани артикли