Facebook создава верзија на Instagram специфично наменета за деца под 13 години, кои моментално не можат ја користат главната апликација, се наведува во интернет објавата на компанијата.
„Возбуден сум што објавувам дека го препознавме овој проект како важен за младите и го ставивме на нашата листа на приоритети. Ќе изградиме нов столб за младите во рамките на заедницата, што ќе се фокусира на две работи: приватност, обезбедување на најбезбедно можно искуство за тинејџери и градење верзија на Инстаграм што овозможува безбедно користење за деца под 13 години“ рече Висал Ша од оваа компанија, а објави BuzzFeed News.
Во моментов оваа апликација забранува пристап за деца помлади од 13 години.
Kids are increasingly asking their parents if they can join apps that help them keep up with their friends. A version of Instagram where parents have control, like we did w/ Messenger Kids, is something we’re exploring. We’ll share more down the road.
— Adam Mosseri ? (@mosseri) March 18, 2021
Ова интерно соопштение стигнува два дена откако од Instagram изјавија дека мора да се направи нешто што „повеќе би ги заштитило најмладите корисници“, како одговор на критиката од јавноста во врска со злоставувањето и малтретирањето со кое се соочуваат најмладите корисници.
Иако компанијата сè уште нема елабориран план за тоа како да направи „детска верзија“, тие посочуваат дека верификацијата на возраста ќе биде задолжителна, и дека идејата се појавила благодарение на популарноста на оваа апликација кај тинејџерите, како и дека надзорот од родителите ќе биде овозможен во рамките на апликацијата.
Плановите за развој на овој производ принудија група луѓе, кои се посветени на здравјето на децата, да се обратат до извршниот директор на Facebook (кој е во сопственост на Instagram), Марк Цукерберг, истакнувајќи дека прекумерната употреба на дигитални уреди и социјални мрежи е штетна за деца и дека оваа апликација веројатно ќе го наруши здравиот развој на децата
Поврзани артикли