По минатонеделното објавување на безбедносната закрпа за март 2021 година, Samsung сега подготви уште едно ажурирање за минатогодишната Galaxy S20 серија премиум телефони. Компанијата започна со испорака на големо софтверско ажурирање за Galaxy S20 серијата, чија цел е да ги подобри перформансите на камерата на телефонот.
Galaxy S20, Galaxy S20+ и Galaxy S20 Ultra моментно го добиваат новото ажурирање во Германија. Ажурирањето ја носи ознаката на фирмвер G98xxXXU7DUC7, има големина од околу 500MB и за негово преземање се препорачува Wi-Fi мрежа.
Samsung во changelog-от напоменува дека ажурирањето ги подобрува перформансите на камерата, а можно е ова да се однесува на процесирање на сликата, стабилноста и перформансите на камерата. Присутни се и исправки на багови и други подобрувања.
Се очекува дека ажурирањето во следните денови ќе пристигне и на други пазари, а неговата достапност може рачно да се провери со одење во Settings » Software update и клик на Download and Install.
Поврзани артикли