Стартап усвоил технологија на НАСА за производство на воздушни гуми отпорни на пробивање и пукање.
Стартапот со име Smart, благодарение на партнерството со Nasa, конструирал воздушна гума за велосипеди базирана на вселенска технологија создадена за да ги направи идните лунарни и марсовски ровери поотпорни. Гумата METL на стартапот Smart е производ на соработката на компанијата со истражувачкиот центар Glenn на НАСА. Соработувајќи со инженерите на NASA, д-р. Санта Падула и Колин Кригер, кои ја имаат развиено таканаречената технологија на легура со меморија (SMA), тимот од Smart дизајнирал воздушна гума, лесна за одржување која може да ги замени традиционалните гуми.
Со оглед дека само во САД се произведуваат приближно 246 милиони гуми од отпадоци од гуми на годишно ниво, таквата технологија може да помогне во решавањето на неодржливиот проблем со гумениот отпад на планетата Земја. Гумите отпорни на пробивање и пукање исто така можат да придонесат за намалување на илјадници повреди како резултат на несреќи поради проблем со гумите. SMA технологијата овозможува гума целосно изработена од меѓусебно поврзани пружини кои немаат потреба од цевка или воздушен притисок и се отпорни на пробивање.
Во Smart велат дека гумата е истовремено еластична како обична гума, но цврста како титаниум. Врз основа на тестовите на NASA, гумите исто така обезбедуваат слично или дури и подобро влечење од традиционалните гуми, како и можност за апсорбирање на удари. Со оглед на тоа дека првично се направени за вселенските „ровери“ кои може да издражт со години или цел живот без одржување, SMA гумите се изградени за да се вратат во првобитната форма на молекуларно ниво за да можат повторно да се деформираат и прилагодат на различните видови терени и со текот на времето да не губат од структурниот интегритет.
Првата гума METL, наменета за пазарот за велосипедизам, ќе биде достапна за јавноста на почетокот на следната година. Ако работата оди добро, стартапот Smart сака да лансира и SMA гуми за автомобилската и индустријата за комерцијални возила.
Поврзани артикли