Eдна од најпопуларните екстремни активности во Боливија е возењето велосипед по еден од најопасните патишта во светот

Патот Јунгас или Патот на смртта е именуван поради бројот на луѓето што загинале на него. Бил создаден кога затвореници од Парагвај ја пробиле планината Кордиљера Ориентал за време на војната за Чако.

Опкружен со планини, патот се протега на 65 километри од Ла Паз до Короико, со што ја поврзува провинцијата во срцето на Амазонија со главниот град.

Една од најголемите несреќи се случила на 24 јули 1983 година кога автобус преполн со луѓе слетал во амбис, при што загинале повеќе од 100 луѓе.

По речиси 20 години напорна работа, овој пат денес е модернизиран и сега има две асфалтирани ленти и ограда. Во 2009 година беше изградена и алтернативна врска како негова замена, па сега на Патот насмртта има многу помалку сообраќај.

Дури и покрај тоа, патот Јунгас не покажува милост и наместо на возачи, сега им одзема животи на туристи и велосипедисти. Повеќе од 22 велосипедисти ги загубиле своите животи на оваа рута од 1998 година до денес.

Извор: Макфакс