Samsung неодамна претстави неколку телефони од својата Galaxy A серија, но компанијата има во подготовка повеќе модели, вклучувајќи го и Galaxy А82.
Galaxy A82 прескокнува една генерација и би требало да биде наследник на моделот Galaxy A80 од 2019 година. Тој уред имаше иновативен начин на користење на главната камера за селфи фотографии – со користење на pop-up систем за фотографирање од предната страна.
Не е познато дали Galaxy A82 ќе го користи истиот систем, но според новите гласини, главната камера на телефонот ќе има резолуција од 64MP. Сензорот што го користи камерата е модел на Sony, а би можело да се работи за IMX686.
Претходните бенчамрк листинзи открија дека Galaxy A82 најверојатно го користи чипсетот Snapdragon 855+, но може да се случи да добие ребрендирана верзија на овој чип, кој оваа година се очекува како Snapdragon 860.
Samsung Galaxy A82 најверојатно првично ќе се појави во Јужна Кореја и не е познато дали после тоа ќе биде достапен на глобално ниво.