НАСА објави уште една снимка од роверот Perseverance кој веќе еден месец се наоѓа на мисија на Марс. Станува збор за аудио снимка од првото возење на Црвената планета, проследено со најразлични звуци.

Вревата што ја произведуваат металните тркала на роверот кој се движи по површината на Марс во првото тест- возење пред две недели се дел од аудио снимката што е објавена од NASA.

„Го слушате ли ова? Вака звучи кога се возите преку камењата на Марс. Ова е прва снимка од возење на Марс.

„Ако слушнам вакви звуци додека го возам својот автомобил би запрел и би повикал служба. Но, ако одвоите време и размислете што слушате и каде е тоа снимено, целосно има смисла“, вели Дејв Груел, инженер од NASA.

Роверот „Perseverance“ слета на Марс на 18 февруари, а неговата мисија е потрага по траги на микробиолошки живот во подрачјето на кратерот Језеро.