Жена од Јужна Флорида, која примила една доза вакцина против коронавирусот додека била бремена, неодамна се породила, а нејзиното дете е првиот регистриран случај во светот бебе родено со антитела на коронавирусот по вакцинирањето на мајката, тврдат двајца педијатри.
Лекарите го претставија своето откритие во претходно отпечатена статија, што значи дека нивните тврдења допрва треба да бидат потврдени од професијата, забележува „Гардијан“.
Лекарите Пол Гилберт и Чад Рудник рекоа дека мајката ја примила првата доза вакцина на „Модерна“ во јануари, во 36-тата недела од бременоста.
Жената роди силно и здраво девојче три недели подоцна.
Истражувачите ја анализирале крвта на бебето од папочната врвца и откриле антитела за време на раѓањето, се наведува во написoт.
„Според наши сознанија, ова е прв пријавен случај во светот на бебе родено со антитела по вакцинацијата“, изјави Гилберт за разгранокот на Еј-би-си.