Facebook ќе прави проверка дали алгоритмите на социјалните мрежи можат да доведат до расна дискриминација и да ги отстрани недостатоците.

Тимови од експерти кои се занимаваат со „еднаквост“  се формирани во самата компанија и во компанијата на Инстаграм, што е во сопственост на Facebook.

Експертите ќе истражуваат како алгоритмите влијаат врз  припадниците на националните малцинства.

„Движењето за расни права е важно за нашата компанија“, изјави Вишал Шах портпарол на Instagram.

Компанијата се заснова на ставот дека секоја пристрасност во системите  и правилата на употреба спречува да се обезбеди платформа за изразување на сите луѓе.