Основачот на Microsoft, Бил Гејтс повторно се огласи по повод коронавирусот.

Американскиот милијардер тврди дека до средината на следната година ќе има помалку смртни случаи на коронавирус.

„Благодарение на природниот имунитет, имунитетот стекнат со вакцините против коронавирус и новите терапии, треба значително да се намали стапката на морталитет“, вели Гејтс за Bloomberg.

Тој смета дека проблемот со вакцините ќе биде решен до средина на следната година. Фармацевстските компании Merck и Pfizer направија таблета против коронавирус и тој смета дека ова значително ќе го намали бројот на смртни случаи.

„Со природниот имунитет, имунитетот добиен со вакцините и тие таблети, ќе го зголемиме бројот на антитела, а стапката на смртост ќе падне под нивото на морталитет кој го предизвикува сезонскиот грип. Тогаш се очекува и заздравување на економијата“, истакна Бил Гејтс.

Според последните информации, повеќе од 5,1 милион лица во светот починаа од коронавирус.

Извор: B92.net