Компанијата HMD Global ќе одржи настан на 8. април во текот на кој се очекува да бидат претставени најмалку три нови смартфони на Nokia. Покрај Nokia Х10 и Nokia Х20, кои ќе бидат достапни како 5G телефони, се очекува и буџетскиот Nokia G10.
Сега се појавија информации за G10 моделот, а изворите сугерираат дека телефонот ќе има 6,38 инчен LCD екран со HD+ резолуција и батерија од 4.000mAh. Уредот ќе го покренува окта-јадрен процесор, за кој архитектурата и брзината на тактот не се потврдени.
Nokia G10 ќе има четири камери на задната страна, односно 48MP главна, 5MP ултра широка, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина. На предната страна ќе има селфи камера од 16MP.
Достапните информации сугерираат дека G10 ќе биде достапен со 3GB или 4GB RAM меморија, а ќе има и опции за избор помеѓу 32GB и 64GB простор за складирање.
Се истакнува дека очекуваната почетна цена за Nokia G10 ќе изнесува околу 139 евра.
Поврзани артикли