Според ново истражување, милиони удари на гром се можеби токму она што требало да го почне животот на Земјата, бидејќи еден од клучните состојки потребни за животот каков што го знаеме е фосфорот.

Резултатите од истражувањето ни говорат дека мноштво удари од громови што се случиле додека Земјата била млада, пред четири милијарди години, можеби ја отклучиле потребната количината на фосфор за да се создадат темели за живот.

„Фосфорот им е потребен на молекулите што ги сочинуваат основните клеточни структури и клеточни мембрани, па дури и ја формира фосфатната основа на ДНК и РНК“, изјави Бенџамин Хес, автор на студијата и студент на постдипломски студии на Универзитетот Јеил на Одделот за планетарни науки.

„Поголем дел од фосфорот на раната Земја бил заробен во минерали кои во основа се нерастворливи и нереактивни, што значи дека од нив не можат да се создаваат биомолекулите потребни за живот. Ударите на гром пружаат нов механизам за создавање фосфор во облик што може да создаде важни животни соединенија“, рече Хес.

Студијата била објавена во научното списание Nature Communications.

Долго време се сметаше дека метеоритите ги испорачале потребните елементи за животот да се појави на Земјата. Познато е дека метеоритите содржат schreibersite, минерал на фосфор, што може да се раствори во вода. Доколку доволно од нив се урнале на Земјата, тој schreibersite можел да пружи вистинска количина на фосфор.

Меѓутоа, животот почнал пред 3,5 до 4,5 милијарди години и тогаш помалку метеори влијаеле на Земјата. Schreibersite има уште еден извор наречен фулгурит, инаку познат како стакло што се формира кога гром удира во земјата.

Откриено е дека фулгуритот содржи фосфор ослободен од површинските карпи – и е растворлив.