Пред неколку месеци, Sony ја објави новата линија Sony Bravia XR телевизори за 2021 година, која вклучува OLED и LCD модели. Неколку премиум ТВ уреди ќе го користат Cognitive процесор XR, кој се обидува да го имитира начинот на кој мозокот ја обработува сликата, со оптимизирање на најважните зони на секој фрејм на видеото.
Сега почнува испораката на овие телевизори на пазарот, вклучувајќи ја и 65-инчната Bravia XR Master A90J OLED серија што го имплементира новиот чипсет. Неверојатните нивоа на црна боја на OLED панелот, како и напредното AI процесирање, нема да бидат достапни по прифатлива цена. Bravia XR Master Series A90J има почетна цена од 3999 американски долари. Моделот од 55 инчи е нешто поевтин и чини 2.998 долари.
Оние кои не сакаат OLED, на располагање ги имаат поевтините LCD телевизори во рамките на X80J линијата. Овие ТВ уреди користат стандарден Sony процесор, имаат 4K поддршка, Android TV и Bravia Core стриминг сервис. Моделот од 55 инчи чини 950 долари, додека 65-инчната варијанта има цена од 1149 долари.
Поврзани артикли