Huawei го објави својот Watch Fit во август минатата година, по што носечкиот уред стана достапен и на глобално ниво. Паметниот часовник го карактеризира правоаголен дизајн, што беше невообичаен за многумина. Сега уредот добива ново издание – Huawei Watch Fit Elegant.
Huawei Watch Fit Elegant имплементира исклучиво измени во поглед на естетиката и дизајнот. Новата верзија има куќиште од нерѓосувачки челик и полирана стаклена површина, како и ремен од флуороеластомер.
Цената на паметниот часовник е околу 135 долари, а ќе биде достапен од 18 март. Доаѓа во две бои – Frosty White со рамка во златна рамка и Midnight Black со темна челична рамка.
Спецификациите останаа идентични и вклучуваат 1,4-инчен AMOLED дисплеј со 280 x 456p резолуција и 2,5D закривено стакло (326ppi) и 70 проценти screen-to-body однос. Часовникот е опремен со 4GB простор за складирање и има IMU сензор кој вклучува сензор за брзина и жироскоп.
Има шест Always-On позадини, 12 анимирани вежби, мерење на работата на срцето во реално време и SpO2 мерач. Покрај тоа, паметниот часовник е способен да нуди известувања за достапноста на SMS пораките, дојдовните повици и дреуго.
Поврзани артикли