Американскиот синџир на супермаркети Wallmart најави дека ќе го отвори својот прв високо-технолошки супермаркет во Кина, во кој купувачите ќе можат да платат користејќи ги своите мобилни телефони преку платформата JD Daojia.

Потегот е дел од стратегијата на Wallmart за влез на кинескиот пазар, при што фокусот ќе биде на интернет продажбите. Волмарт веќе има искуство со отворање на помали продавници во САД, обично лоцирани во урбаните зони, за разлика од препознатливите хипермаркети во предградијата, но овој експеримент беше неуспешен во САД.