Доколку се најдете во состојба како Ве гони робот или некое „поапстрактно суштество“ со вештачка интелигенција, можеби спасот е, во тоа – само да го напишете зборот „Робот“ на Вашата маица.
Ова, секако, под претпоставка дека вештачката интелигенција која „не Ви мисли добро“, е првично создадена од компанијата „Опен АИ“, каде што Илон Маск е еден од основачите. За што станува збор? Истражувачите од оваа фирма неодамна објавија истражување спроведено на невронската мрежа КЛИП – нивниот најсовремен систем што им овозможува на машините да го препознаат (и да го запознаат) светот околу нив.
Невронските мрежи се системи за учење кај машината кои можат да преживеат со текот на времето во извршувањето на одредени задачи, користејќи го она што веќе е впишано на нив.
Во еден пробен тест, КЛИП имал задача да препознава предмети прикажани на фотографија. Иако ова, можеби, звучи прилично едноставно за денешни услови, тоа не минало така лесно. Имено, на системот му се нуди фотографија од јаболко, со неколку опции за избор, за да избере што „се мисли“ на сликата, и колку отсто роботот е сигурен во својот избор.
Ако на фотографијата имало само јаболко, системот бил сигурен 85,6 насто дека е јаболко… Но, проблемот се јавил кога истражувачите му го покажале истиот предмет, со натпис „iPod“ залепен на него.
Тогаш, КЛИП е дури 99,7 насто сигурен дека има „Ајпод“ пред него.
Заедно со некои други слични експерименти, заклучоците говорат дека треба на овој систем му треба уште усовршување, бидејќи „разбирањето на концептите“ и „разбирањето на реалноста“ околу него се засноваат на недефиниран, нестабилен и варијабилен збир од сознанија.
Поврзани артикли