Проектот наречен NEOM, беше претставен на конференција со инвеститори во вторникот од саудискиот принц Мохамед бин Салман. Ова е следната серија мега-проекти насочени кон реформирање на економијата на кралството.

Проектот е благо амбициозен. Плановите предвидуваат градот да биде придвижуван целосно од повратна енергија, а истовремено да се користи автоматизирана технологија за управување и патнички дронови. Безжичен брз интернет ќе биде бесплатен

„Сите услуги и процеси во NEOM ќе бидат 100% автоматизирани, со цел тој да се претвори во најефикасна дестинација во светот“, се вели во соопштението на Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија.

Градот, кој ќе биде независен од „постоечката владина рамка“ на кралството, ќе биде изграден на 26,500 квадратни километри крај Црвеното Море. Според изјавата на фондот, тој ќе се „прошири низ египетските и јорданските граници“.

„NEOM ќе биде изграден од нула, ќе се издвојува од сите други места, градени со векови“, се вели во соопштението на фондот.

Проектот ќе биде поддржан со 500 милијарди долари од саудиската влада и инвестиционата фонд, како и од локални и меѓународни инвеститори.

Саудиска Арабија направи неодамна серија на големи проекти насочени кон диверзификација на економијата и ослободување од зависноста на земјата од нафтата. Во септември беше објавено дека кралството ќе инвестира скоро 3 милијарди долари во забавната индустрија.

Во август беше објавен планот за изградба на туристички комплекс на Црвеното Море, кој ќе се протега на 100 милји на брегот и кон кој пројави интерес за инвестиции и претприемачот Ричард Бренсон.