Секогаш кога на небото ќе се појави некое необично светло, многумина почнуваат да споделуваат теории дека нѝ пристигнале вонземјани.

Социјалните мрежи се преплавени со снимки од светли објекти на ноќното небо кои ‘влеваат страв во коски’, а под тие снимки најмногу има коментари дека другарите од вселената нѝ пристигнале на посета.

Пред неколку денови луѓето забележале необична појава на небото над САД.

Речиси идентични снимки стигнале од Охајо, Детроит, Мичиген и Кливленд, а засега никој не знае да објасни од каде доаѓа оваа чудна светлина.

„Ова не е коронавирус, ова не е радијација. Нека ми објасни некој што е ова“, вели авторот на една од снимките.

Во коментарите се јавиле жителите на Портланд и рекле дека истата сцена ја виделе и таму.

Дали се работи за вонземјани или нешто друго, проценете сами.

Извор: Srbija Danas