Раул Пелини е директор на одделот хирургија во болницата Регина Елена во Рим, а еве кои се резултатите од истражувањето кое што го направил тој заедно со својот тим.

Во интервјуто кое што го дал за италијанскиот весник „Republica“, открил резултати од едно истражување, а истото предизвикало бура од реакции на Апенинскиот полуостров.

Резултатите од тоа истражување биле направени на MedRxiV, а биле основани на анализа на 248 луѓе кои што ја примиле вакцината на „Фајзер“, од кои што 158 биле жени, а 90 мажи.

Од нив 56 биле во почетна фаза на гојазност, а 26 веќе биле гојазни. Кај втората група од испитаниците антителата по вакцината биле дупло помалкубројни отколку кај луѓето кои што имале нормална телесна тежина. Антителата биле анализирани во текот на седум дена, по примање на втората доза од вакцината против коронавирусот.

Исто така, потенцирано било дека антителата биле на повисоко ниво кај младите луѓе и жените.

Д-р Пелини сепак дополнително појаснил дека ваквата реакција, т.е. бројот на антителата не е единствениот параметар за одредување на процентот на ефикасност на вакцините и објаснил дека вакцината секако дека делува и кај гојазните луѓе, но според сознанијата на неговиот тим – многу послабо.

Константната состојба на воспаленија од помал степен, присутна кај луѓето со прекумерна тежина, може да ослабне некои од имуните одговори, вклучувајќи ги и оние кои што ги покренуваат Т клетките, пренесуваат научниците.

Поради тоа што гојазноста е главниот фактор ризик за морбилитет и морталитет кај пациентите заразени со ковид-19, неопходно е да се планира ефикасна програма за вакцинација на оваа група луѓе, пишува во извештајот.

Доказите сугерираат дека инфекциите SARS-CoV-2 се потешки и се задржуваат околу пет дена подолго кај луѓето кои што се гојазни, за разлика од оние кои што се витки.