Судејќи според се, iPhone 12 mini веќе со месеци бележи подпросечна продажба, а Apple мораше да ги намали нарачките на овој уред од своите производни капацитети.
Nikkei Asia во својот извештај сугерира дека Apple ќе мора да го намали вкупното производство на iPhоne 12 линијата за дополнителни 20 проценти во однос на плановите од декември. Поголемиот дел од ова намалување се однесува на iPhone 12 mini.
Apple се очекува вкупно да произведе 75 милиони iPhone модели (вклучувајќи ги iPhone 12 и другите модели) во текот на првите шест месеци од 2021 година. Тоа е значително под првично предвидените 96 милиони, но и натаму повеќе од она што компанијата го оствари во текот на првата половина на 2020 година.
Актуелната iPhone 12 серија и натаму остварува одлични резултати, овозможувајќи му на Apple да забележи приход од 111,4 милијарди долари во текот на првиот квартал. Стандардниот iPhone 12 ја предводи линијата, а следуваат Pro моделите.
И покрај лошите резултати на iPhone 12 mini верзијата, многумина веруваат дека Apple сепак ќе го претстави iPhone 13 mini подоцна во текот на оваа година.
Поврзани артикли