Realme на почетокот на март почна да ја најавува својата Realme 8 серија телефони. Најновите информации доаѓаат преку видео од рака, што го објави од Madhav Sheth – Извршен директор на Realme дивизијата во Индија.
На почетокот на видеото е можно да се види задниот дел на Realme 8 Pro моделот, со квадратест камера модул и LED блиц. Realme веќе потврди дека 8 Pro ќе биде првиот модел во рамките на понудата на компанијата од средниот сегмент со 108MP главна камера.
Од предната страна се наоѓа punch-hole AMOLED екран, кој има вграден сензор за отпечатоци од прсти. Засега не е позната големината на дисплејот. Realme 8 Pro ќе има 108MP Samsung ISOCEEL HM2 камера, а гласините сугерираат дека телефонот ќе го покренува Snapdragon 730G чипсет.
Неодамна, дојавувач откри дека телефонот ќе има 8GB и 8 GB RAM меморија, заедно со 128 GB простор за складирање. Realme 8 Pro се очекува во Infinite Blue, Infinite Black Infinite Yellow варијанти на бои.