Нов напреден подводен дрон, кој сè уште е во фаза на развој, ќе овозможи поставување, одржување и инспекција на илјадници километри океански цевковод.
Станува збор за подводен дрон во форма на змија кој може да работи до 6 месеци без потреба за излегување на површината, што значително ги намалува трошоците.
Дронот со име Eelume е долг шест метри и опремен е со камери и сензори за навигација под вода. Може да биде во станица на длабочина до 500 метри во период од 6 месеци, без притоа да излезе на површината. Дометот му е до 20 километри, со едно полнење на батеријата.
Сетот од различни алати му овозможува да извршува неколку задачи, од користење на подводни вентили па до отстранување на морската флора, седименти и слично.
Многу подводни цевководи веќе се одржуваат без присуство на човек, но се контролираат од екипаж на брод. Таквите операции може да чинат до 100.000 долари дневно. Со новиот робот ќе се добие подводен жител кој ќе живее во подводната станица и ќе може да биде мобилизиран во секој момент за вршење на инспекција и интервенција.
Еден од првите инвеститори во роботот е норвешката нафтена компанија Equinor, од каде се уверени дека роботот ќе ги намали трошоците, но и ризикот на кој се изложуваат луѓето во опасните услови за работа.
Извор: Klix.ba