Vivo X60 серијата телефони ја сочинуваат три модели – Vivo X60, X60 Pro и X60 Pro+, а сега малезиската дивизија на компанијата објави дека уредите од 22. март ќе бидат достапни надвор од Кина.
Засега е непознато дали Vivo ќе ги објави глобално сите три модели од X60 серијата. Се очекува дека глобалните верзии на смартфонот ќе ги имаат истите спецификации како и телефоните објавени за кинескиот пазар.
Vivo потврди дека Vivo X60 и X60 Pro ќе го користат новиот Snapdragon 870 чипсет, наместо Exynos 1080 што го користат моделите наменети за кинескиот пазар.
Vivo X60 серијата телефони пристигнува навреме за да им понуди на корисниците повеќе опции, покрај неодамна објавениот модел Xiaomi Mi 11, како и претстојните OPPO Find X3 и OnePlus 9 серии.