Основачот на компаниите Tesla и SpaceX, Елон Маск повеќе не е вториот најбогат човек на светот, пренесуваат медиумите.
Богатството на Маск сега е „помало“ за 6,2 милијарди долари, што го спуштило на третото место на листата на Форбс на најбогати луѓе на светот.
Падот на богатството на Маск започна во средата кога загубил речиси 6,5 милијарди долари. Тој беше на третото место некое време, но потоа промената на пазарот „закрепна“ и го врати на второто место.
Сепак, како што пренесува Enterpreneur, акциите на Tesla паднале за пет проценти. Богатството на Маск сега се проценува на 150,9 милијарди долари.
Иако ова може да биде нормално однесување на пазарот и можно е да се врати истото во иднина, Маск засега мора „круната“ за второто место да му ја предаде на Бернар Арно, сопственикот на конглометарот LVMH, со богатство од дури 154,3 милијарди долари.
Во групата на LVMH спаѓаат повеќе 70 луксузни брендови: Луј Витон, Кристијан Диор, Фенди, Живанши, Фенти Бјути, Сефора…
До пред еден месец, на првото место на листата најбогати луѓе беа Елон Маск и Џеф Безос кои што ги менуваа позициите.
Меѓутоа, сега Безос му „бега“ на Маск речиси 25 милијарди долари, поради тоа што неговото богатство моментално се проценува на 175,4 милијарди долари.
Извор: B92.net