Се очекува дека Huawei P50 серијата премиум телефони ќе биде објавена наскоро. Сега дојавувач на мрежата Weibo откри дека P50 уредите ќе бидат претставени на 17. април.

Според наводите на дојавувачот, премиум линијата на Huawei ќе пристигне во текот на втората половина на април, но се очекува испораката на смартфоните да биде слаба. Не е позната причината за ограничениот број достапни телефони во продажба, но се претпоставува дека на тоа ќе влијае слабата залиха на достапни чипсети.

Во овој момент, Huawei P50 серијата е подготвена за масовно производство и се очекува во три варијанти. Тоа ги вклучува стандардниот P50, P50 Pro и P50 Pro+ модел. Со оглед на тоа што во прашање се премиум телефони, линијата би требало да ја красат врвни спецификации, како премиум HiSilicon Kirin 9000 чипсет, одличен диспкеј и способен систем на камери.

Според претходните извештаи, основниот Huawei P50 модел би требало да има Kirin 9000E чипсет, додека останатите два модела ќе користат Kirin 9000 процесор. Стандардната варијанта ќе има 6,1-инчен дисплеј, додека за P50 Pro и P50 Pro+ се очекуваат екрани од 6,6 и 6,8 инчи.