Се појавија нови фотографии од претстојниот премиум телефон/фаблет на Samsung – Galaxy Note 8. Според наводите, фотографиите ја прикажуваат конечната верзија на уредот, но не откриваат ништо ново, што досега не го дознавме преку претходно протечените информации.

Samsung Galaxy Note8 стигнува со Always On дисплеј, кој изгледа исто како и на претходните два премиум модела на Samsung. Задната страна на телефонот исто така изгледа исто како на претходно протечените рендери, со две камери и сензор за отисоци.

Информациите велат дека S Pen паметното пенкалце ќе го задржи хардверот на претходникот, што значи дека ќе има 4096 нивоа на осетливост на притисок и ќе работи дури и кога Note 8 ќе биде потопен во вода.

.