На почетокот на оваа година се појавија информации дека Apple можеби работи на MacBook Air од повисок сегмент. Една од карактеристиките на Macbook Air линијата е подостапна цена во рамките на екосистемот на Apple, но изгледа дека постојат и такви кои бараат поголема моќност и од овој модел.
Според Bloomberg, наскоро би можеле да добиеме токму таков Air лаптоп. Новинарот на Bloomberg, Марк Гурман тврди дека Apple развива поголем 15-инчен MacBook Air. Во моментов, максималната големина на MacBook Air е 13 инчи, pa поголемиот модел, покрај зголемениот дисплеј би можел да има и помоќен процесор и други елементи.
Извештајот сугерира и дека Apple може да го редизајнира својот MacBook Air, но не е познато на што конкретно тоа се однесува. Се споменува дека лаптопот ќе биде потенок и полесен, со помали рамки околу екранот.
Нема информации за тоа кога ќе биде објавен 15-инчниот MacBook Air, но бидејќи Apple го објави MacBook Air со M1 чип кон крајот на 2020 година, можно е нов модел да се очекува кон крајот на оваа година или почетокот на 2022 година.