Huawei ги објави најновите статистички податоци за AppGallery, што сега претставува срцето на екосистемот на компанијата. Услугата на кинеската компанија има повеќе од 530 милиони активни корисници, што претставува раст од 83% на годишно ниво во дистрибуцијата на апликации.
Оваа статистика ја објави Ричард Ју, Извршен директор на Huawei CBG (Consumer Business Group). Неговата компанија сега има и 2,3 милиони регистрирани програмери кои работат на мобилни апликации за AppGallery (ова е за 77 проценти повеќе програмери отколку што имаше во 2019 година).
Huawei соработуваше и со локални и со глобални програмери, така што AppGallery сега има милиони корисници на 42 пазари, во пет региони. Бројот на апликации оптимизирани за HMS Core, се зголеми за повеќе од двојно за една година.
Компанијата истакнува дека учеството на толкав број програмери ширум светот е потврда за способноста на Huawei да ги поттикне иновациите и да обезбеди подобро и поединствено корисничко искуство.