Компанијата OnePlus работи на новиот смартфон OnePlus 9, што се очекува во 2021. година.

OnePlus го развива наследникот на OnePlus 8T моделот, а тоа го потврдуваат и информациите од доверливиот извор Max J. кој веќе претходно ја докажа својата прецизност кога станува збор за OnePlus уредите.

Во краткиот твит открива дека OnePlus 9 се развива под кодното име Lemonade.

Детали за споменатиот OnePlus смартфон засега нема, освен дека се очекува на почетокот на 2021. година.