Во рамките на MWC 2021 саемот во Шангај, Zhou Taoyuan, Потпретседател на Huawei и Претседател на производната линија за дигитална моќност, на конференција за медиуми го објави решението на Huawei за мрежи со нулта емисија на јаглерод (Digital Power Zero Carbon Network), со цел да им помогне на операторите ширум светот да ја применат стратегијата за мрежи без јаглерод и да го забрзаат зелениот и одржлив развој ширум светот.
Ниската емисија на јаглерод во моментов е важна тема во човечкото општество. Водечките економии во светот преземаат обврски за постигнување на целите за јаглеродна неутралност и поставуваат рокови за постигнување на овие цели до околу 2050. година. Претпријатијата се движат кон одржлив раст и еколошки развој. Операторите и традициоиналните енергетски гиганти предложија цели за јаглеродна неутралност. Со растечкото движење за неутралност на јаглерод, што се појавува глобално, енергетската индустрија обврзно ќе се трансформира кон дигитализација и ниската карбонизација, за да се постигне јаглеродна неутралност.
„Мрежите со нулта емисија на јаглерод станаа важна стратешка цел на водечките оператори ширум светот“, истакна Zhou Taoyuan. Во контекст на јаглеродната неутралност, обновливата енергија ќе игра витална улога во енергетската индустрија во иднина. Глобалната потрошувачка на ИКТ енергијата континуирано расте. Се проценува дека до 2030. година, глобалната потрошувачка на електричната енергија ќе достигне 5 проценти. Ниската карбонизација и намалувањето на потрошувачката на енергија се два клучни правци во развојот на операторите.
Потпретседателот на компанијата, Zhou Taoyuan истакна дека решението на Huawei за мрежи со нулта емисија на јаглерод, спојувајќи се со Intelligent Power Cloud, промовира операторите да тргнат кон ниско јаглероден, зелен и одржлив развој, кога ќе се соочат со внатрешните и надворешни предизвици.
Решението на Huawei за мрежи со нулта емисија на јаглерод вклучува поедноставена локација, поедноставена просторија за опрема, поедноставен DC и зелена моќност за сите.
Прво, поедноставената локација, односно трансформацијата на локацијата од затворен во отворен простор. На овој начин, просторијата се префрла во ормар, а потоа во столб. Сеопфатното распоредување на локациите засновани на столбови помага во намалувањето на потрошувачката на енергија, со што се заштедува на надоместокот за струја и таксата за изнајмување.
Второ, поедноставената просторија за опрема овозможува ормарите да ги заменат просториите. За проширување на капацитетот, без нови простории, без модернизација на каблите и без нова наизменична струја, се заштедува на потрошувачка на енергија, простор и инженеринг.
Дополнително, поедноставениот DC овозможува преобликување на архитектурата преку целосно монтажна и модуларна конструкција, скратувајќи го ТТМ од 20 месеци на 6 месеци. Предвидливото одржување и подобрување на ефикасноста се постигнуваат со преобликување на моќта заснована на решенија со висока густина, ефикасност и заштеда на енергија. Ладењето со преобликување се постигнува преку индиректно ладење и испарување и iCooling. Во споредба со традиционалните решенија, PUE е намален за 17 проценти. Интелигентното О&М решение се користи за преобликување на О&М и подобрување на ефикасноста на О&М за 35 проценти.
Конечно, зелената моќност за сите и овозможува на зелената енергија да влезе во локациите, CO просториите и центрите за обработка на податоци, за да се постигне сценарио со соларен пристап и да се постигнат зелени конекции и зелени компјутери.
Горенаведените четири решенија се спојуваат со Intelligent Power Cloud за да ги намалат трошоците за потрошувачка на енергија и на крајот да ја подобрат енергетската ефикасност, благодарение на интелигентната сила, која го интегрира оптоварувањето и складирањето на изворната мрежа.
Huawei Digital Power има длабоки искуства во енергетската електроника, информатичките и комуникациски технологии и дигиталните технологии, а посветен е на производство на зелена енергија и ефикасна потрошувачка на енергија. Вкупното производство на зелена енергија изнесува 325 милијарди kWh, со што се штедат 10 милијарди kWh електрична енергија, што во моментов е еквивалентно на садење на 220 милиони дрвја. „Нашата цел и мисија е ефикасно да придонесеме за светската јаглеродна неутралност“, рече Zhou Taoyuan. Huawei Digital Power Zero Network решението ќе им помогне на операторите да се движат кон одржлив развој со ниски емисии на јаглерод и да го забрзаат процесот на глобална неутралност на јаглерод.
Поврзани артикли