Кина има намера да гради центар за вештачка интелигенција на дното на Јужното Кинеско Море, на длабочина од 6.000 метри, што ќе чини 140 милиони евра.

Тимот инженери и научници, како што пренесува „Дејли мејл“, имаат целосна поддршка од кинескиот претседател Си Џинпинг.

– Во длабочините на морето нема патишта, не засегаме други земји, сѐ e наше, изјави Си.

Како најверојатна локација за проектот се споменува морската вдлабнатина Манила близу Филипините.