Четворица од десет студенти се зависни од паметни телефони (смартфони) и оваа навика им предизвикува големи проблеми со спиењето, покажува истражување спроведено од Кралскиот колеџ во Лондон.
Во студијата учествувале 1.043 студенти на возраст од 18 до 30 години, а 406 од нив покажале одлики на зависност од паметни телефони, објави „Гардијан“.
Повеќе од две третини од зависниците имале проблеми со спиењето, а студентите што користат телефони по полноќ, или четири или повеќе часа во текот на денот, се изложени на најголем ризик од развој на зависност од овој технолошки уред.
Поврзани артикли