Samsung во текот на 2019. година претстави многу нови телефони од Galaxy A серијата, а изгледа дека јужнокорејската компанија не планира да забави ни во текот на 2020. година. Samsung сега на својот пазар во Јужна Кореја заштити имиња на девет смартфони Galaxy A серијата.

Според фотографиите од документацијата поставени на Twitter, јужнокорејскиот гигант доби трејдмарк за Galaxy A12, Galaxy A22, Galaxy A32, Galaxy A42, Galaxy A52, Galaxy A62, Galaxy A72, Galaxy A82 и Galaxy A92 имињата.

Нема детали за споменатите уреди во овој момент, но очигледно дека според нивните имиња, се работи за наследници од минатогодишните телефони од Galaxy A серијата, кои сигурно ќе имплементираат и некои надградби.

Повеќе информации за оваа серија смартфони од средната класа во 2020. година ќе бидат достапни во следните недели и месеци.