Новиот тизер на Google најавува дека нешто големо доаѓа од светот на Pixel, што се однесува на моделите Pixel 3a и Pixel 3a XL, кој ќе бидат претставени на конференцијата I/O, која почнува на 7. мај.

Деталите за овие паметни телефони се објавени уште порано, а она што најмногу го заинтригира вниманието на јавноста е што цената на уредот ќе биде пониска од цените на Pixel 3 и 3 XL, што беа претставени минатата година.

Точната цена не е позната, но ќе биде доста пониска од цената на Pixel моделот. Само за споредба, Google Pixel 3 чини 600 долари.

Google Pixel 3a наводно ќе има идентични перформанси на камерата како неговите претходници. Според претходните извештаи, Google Pixel 3a ќе има 5,6-инчен OLED екран со резолуција 2.220×1.080 пиксели, Qualcomm Snapdragon 670 процесор, 4 GB RAM, задна камера од 12 мегапиксели и предна широкоаголна селфи камера од 8 MP, како и батерија од 3.000 mAh.

Pixel 3a XL би можел да има 6-инчен екран, но другите спецификации не се познати.