Иако уште многу месеци не делат до објавата на следната iPhone линија, веќе се појавуваат гласини за претстојните смартфони на Apple. Досегашните извештаи сугерира дека iPhone 13 секогаш ќе има 120Hz дисплеј, помал засек во дисплејот, парна комора за подобро ладење и помали батерии. Сега гласините споменуваат дека новата линија ќе има и опција за складирање на податоци од 1TB.
Актулениот iPhone 12 има максимална опција за складирање од 512 GB, што значи дека следната верзија може да го удвои тој простор. Изворот на оваа информација е неименуван аналитичар, кој го следи синџирот на снабдување на Apple. Сепак, извештаите од други извори исто така укажуваат дека ова би можела да биде точна информација.
Apple се очекува да објави неколку модели на iPhone 13 оваа година, слично на тактиката со минатогодишната iPhone 12 линија. Претходните верзии се разликуваа по спецификациите на камерата и големината на екранот, а новите варијанти би можеле да имаат и различни типови простор за складирање.
Поврзани артикли