Тукушто претставената Redmi K40 серија телефони ќе биде достапна и глобално, а барем во одредени делови на светот, смартфоните ќе се појават како Poco уреди.
Според IMDA (Infocomm Media Development Authority) листингот, моделот M2012K11AG (кој би требало да биде стандардниот Redmi K40) ќе биде објавен како дел од Poco брендот. Смартфонот ќе има и поддршка за 5G.
Со оглед на досегашниот систем на именување на Poco и Redmi уредите, претстојниот Poco телефон би можел да биде Poco F3 или Poco F3 Pro.
Xiaomi вчера официјално ја претстави својата Redmi K40 серија, која ја сочинуваат моделите Redmi K40, K40 Pro и K40 Pro+, а се уште нема информации за нивната глобална достапност.