На 11-то издание на изборот за „Светски автомобил на годината за жени“, ова уникатно жири, составено исклучиво од жени новинарки од автомобилскиот сектор, ја донесе одлуката за секоја од 9-те постојни категории. PEUGEOT 208 ја освои титулата во категоријата најдобар градски автомобил. PEUGEOT 2008 ја освои титулата во категоријата најдобар урбан SUV.
Создадено во 2009 година, жирито за „Светски автомобил на годината за жени“ го сочинуваат 50 жени, новинарки од автомобилскиот сектор кои доаѓаат од 38 различни земји и 5 континенти. Прво, овие новинарки избраа 3 најдобри автомобили во секоја категорија.
На крајот од вториот круг, PEUGEOT 208 излезе како победник во категоријата најдобри градски автомобили против Toyota Yaris и Honda Jazz. Со признанието „Автомобил на годината за 2020 година“ и веќе освоените 24 награди, PEUGEOT 208 го освои Б сегментот и придонесува за успехот на гамата на PEUGEOT. Неговиот спортски изглед и прецизен дизајн му даваат врвен карактер кој совршено се вклопува со издигањето на пазарот на брендот PEUGEOT. На крајот на јануари 2021 година, од неговото лансирање досега беа продадени 265.000 PEUGEOT 208 ширум светот. Потоа на крајот од вториот круг, PEUGEOT 2008 е избран за победник во категоријата најдобар урбан SUV против Renault Captur и Kia Sonet. Како симбол на статус и идентитет, PEUGEOT 2008 е целосно во согласност со стилот на гамата на PEUGEOT истовремено истакнувајќи се со својот впечатлив дизајн. Автомобил со добро држење и истовремено прикажува моќен и карактеристичен стил. До крајот на јануари 2021 година, од неговото лансирање досега беа продадени 203,000 примероци на PEUGEOT 2008 ширум светот.
PEUGEOT 208 и 2008, исто така, ја играат својата улога во ерата на енергетска транзиција бидејќи доаѓаат во бензинска (бензин и дизел) и електрична верзија. Овие 2 возила беа избрани според следниве критериуми: безбедност, удобност, технологии и поврзаност, сооднос квалитет / цена, влијание врз животната средина и дизајн. Затоа, PEUGEOT 208 и 2008 се во трка за конечен избор за „Светски автомобил на годината за жени“, чии резултати ќе бидат објавени на 8 март 2021 година, на Меѓународниот ден на жената.
(ПР текст)
Поврзани артикли