Речиси три месеци по објавата на GeForce RTX 3060 Ti моделот, Nvidia додаде нова графичка карта во својата линија. Nvidia GeForce RTX 3060 е опремена со GA106 графички процесор.
Видео картичката има 3584 CUDA јадра, а интересно е што овој модел има 12GB GDDR6 видео меморија. Тоа е повеќе отколку кај RTX 3060 Ti со 8 GB или RTX 3080, кој има 10GB. Гласините сугерираат дека компанијата планира и објава на GPU RTX 3060 со 6GB видео меморија.
GeForce RTX 3060 е првата графичка карта на Nvidia која има алгоритам против криптовалути, вграден во фирмверот и софтверот. Nvidia истакнува дека ова нема да влијае на другите аспекти на графичката карта, како што се гејминг или рендерирање, и ќе биде невозможно да се хакира.
Покрај тоа, графичката карта е и првата што имплементира ResizableBAR поддршка. Технологијата му овозможува на процесорот пристап до целосната видео меморија.
Процесорот Nvidia GA106 има три GPU Processing кластери, a секој од нив има пет кластери за обработка на текстурата. Бројот на Tensor јадра е намален во однос на RTX 2060, од 240 на 112, но се работи за понови јадра од третата генерација.