Група научници почнале да работат на амбициозен план, кој има цел да ја предвиди иднината на климатските промени, а вклучува создавање виртуелна верзија на целата планета. Со симулираната верзија од Земјата научниците може да тестираат повеќе можни сценарија.
„Дигиталната близначка“ на Земјата, како што се нарекува во истражување објавено месецов, треба да им помогне на научниците да ги анализираат ефектите на повеќе климатски мерки и други фактори. Истражувачите се надеваат дека симулацијата ќе им помогне да разберат кои чекори би помогнале, а кои не во спасување на околината и намалувањето на глобалното затоплување.
Виртуелната верзија од нашата планета е дел од десетгодишна програма на Европската Унија (ЕУ) наречен „Дестинација Земја“. Целта на програмата е да се одредат мерките што ќе им помогнат на европските земји да постигнат јаглеродна неутралност до 2050 година.
Научниците што стојат зад програмата посочуваат кон подобрувањата на метеоролошките и климатските модели, што нуди надеж дека проектот за виртуелната Земја ќе функционира.
Сепак, моделот треба да биде совршено изработен и можеби ќе бара суперкомпјутери понапредни и од оние што ги имаме денес.