Островот Жанет со површина од 3,3 квадратни километри мистериозно исчезнал од Google Maps. Станува збор за остров долг околу два километри, кој се наоѓа во Источносибирското Море.

Жанет претставува дел од архипелогот Де Лонг. Тој е ненаселен, а откриен е на крајот на 19 век, за време на експедицијата Жанет, по која го добил името.

Експедицијата имала за цел да стигне до Северниот Пол низ Беринговиот Премин. Во текот на кратките и помалку неинтересни историски факти за овој остров и начинот на кој „Гугл мап“ го прикажува, се прераскажани голем број  теории на заговор за неговата улога.

Во некои од тие приказни се вели дека островот служел како место каде се потпишувале тајни договори со поранешниот американски претседател Барак Обама, па сè до престојувалиште за вонземјани, пишува Белингкет.

Недостигот на податоци за големата мапа на светот не е невообичаена појава, а некои подрачја дури и намерно се цензурираат или сокриваат. На Википедија постои текст што ја претставува листата на намерно или случајно цензурирани подрачја во светот.

Причината за ваквото затскривање би можела да биде криењето на постоењето на некои затвори, фабрики и слично. Сега, многумина теоретичари на заговор си го поставуваат прашањето зошто и овој остров ја доживува истата судбина.

Некои сметаат дека станува збор за тајни планови на претседателот Владимир Путин. Овие лица сметаат дека претседателот овој остров го користи за свои цели. Меѓу теоретичарите на заговор преднички и приказната за човекот од руската морнарица кој исчезнал во 2000 година, набрзо откако напишал пост на интернет за овој остров.

Голем број теоретичари објаснуваат дека осторовот веројатно е затемнет од „Гугл мап“ затоа што на истиот се наоѓаат воени бази или згради во кои се чуваат ракети. Но, не се исклучени и други геополитички мистерии.

Во една од теориите се споменува поранешниот американски претседател Барак Обама, кој наводно им ги предал низата  спорни острови околу Алјаска во поседство на Русија. Меѓу нив бил и островот Жанет. Островот можеби е сокриен од картата на „Гугл“, но е отворен за посетители и разни експедиции.