Човековото влијание на планетата Земја одбележува сосема нова геолошка епоха и промена која е можеби сигнал за важен чекор во еволуцијата на вонземјанските цивилизации. Антропоцен е ерата во која доминираат материјалите создадени од човекот и емисиите на гасови, се вели во најновата студија.

Според урбаните еколози, Земјата сега може да се категоризира како вид на хибридна планета, во рамки на новата стро-биолошка класификација која ги рангира планетите врз основа на тоа колку се напредни во однос на екологија со која се собира енергија.

Најпознат пример за ваков систем на класификација е Кардашевата скала, според која има 3 фази на цивилизациско ниво во однос на технолошкиот напредок.

Типот 1 цивилизации научиле да ја собираат енергијата од сопствената планета, што значи искористување на секој можен извор на енергија на планетата. Луѓето се далеку од тоа да бидат квалифицирани како тип 1. Тип 2 се цивилизации во кои вонземјани ја искористуваат енергијата од ѕвездата-домаќин на нивната планета. Тип 3 цивилизациите напреднале до толку што сфатиле како да ја искористат целата достапна енергија од нивната цела галаксија.

Во новата шема, тимот експерти тврди дека има 5 фази во прогресивната еволуциска состојба на планетите, основани на тоа колку се одржливи еко-цивилизациите. Тука станува збор за тоа колку успешно животот на планетата придонесува кон еволуцијата на истата. Па така, постои класа 1 што подразбира светови без атмосфера, како Меркур. Класа 2 се планети со тенка атмосфера, како Марс, но без животни форми. Класа 3 пак, е свет со тенка биосфера и органски животни форми, но животот не е во согласност со еволуциската состојба на планетата.

Според тимот, Земјата ја напуштила класа 4 – светови со просперитетна биосфера, каде што животните форми започнале да влијаат на промените кои се случуваат на планетарно ниво. Па, каде се движиме? Кон класа 5, во која идната планета има потенцијал да биде погодена од напредни човечки видови со интензивен пристап кон енергијата.

Експертите сметаат дека ако не престанеме со уништување на планетата, човечкиот вид ќе мора да трага по нови обновливи извори на енергија, а посебно да ја користи соларната. Со оваа класификација, научниците сакаат да дадат одредена рамка за да се објасни сето она кое и се случува на нашата планета, а е предизвикано од однесувањето на луѓето.

Извор: Факултети.мк