Се појавуваат се повеќе извештаи за потенцијално флексибилен iPhone модел на компанијата Apple, а најновите информации го доведуваат во врска со буџетскиот iPad. Сајтот MyDrivers сугерира дека Apple би можел да го замени iPad mini со нов флексибилен модел на iPhone, кој исто така ќе нуди можност за внесување содржина со паметно пенкало.

Минатата недела се појавија информации за тао дека флексибилниот телефон на Apple може да има поддршка за стajlus, но не е познато дали тоа ќе биде актуелниот Apple Pencil или некое ново пенкало. Дисплејот се очекува да биде помеѓу 7,3 и 7,6 инчи, со долг однос на страници.

MyDrivers сугерира дека флексибилниот уред на Apple би можеле да го видиме во текот на септември 2022 година, иако некои други извори сугерираат објава во текот на 2023 година.