Испратена е првата видеоснимка од Марс, благодарение на роверот Perseverance на NASA.

Ова е првпат да се покаже перспективата на слетувањето на вселенското летало на Црвената планета.

Аудиоматеријалот од Марс трае 10 секунди, а се слушаат роверот и звукот на ветрот на Црвената планета.

Додека претходните летала враќаа „филмови“, кои всушност се само слики споени во GIF формат, Perseverance има видеокамери со големи можности. Роверот има вкупно 23 камери, кои вклучуваат и зум и можност за прикажување во боја.

Можно е видеото да содржи звук снимен од еден од двата микрофона на роверот, кој бил вклучен за да се слушнат звуците на влегување, спуштање и слетување. Роверот и неговиот приврзан хеликоптер, наречен Ingenuity, слетаа на Марс во четвртокот, на 18 февруари и испрати фотографии.

При слетувањето, роверот пренесуваше податоци и слики користејќи го орбитерот Mars на NASA, кој кружи околу планетата од 2006 година.