Пазарот на оперативни системи веќе подолго време е едноличен – Windows е убедливо прв со околу 90 проценти корисници, зад него е macOS на компанијата Apple, оа потоа сите останати (Linux, ChromeOS итн). Меѓутоа, работите се менуваат.
Уделот кој го има оперативниот систем на Google, ChromeOS што се користи на Chromebook, расте од година во година.
Овие компјутери често се поевтини од Windows лаптопите, па затоа се идеален избор за оние кои работат само т.н. канцелариска работа или го користат компјутерот за учење.
Поради тоа, во 2020 година имаше значително зголемување на продажбата на Chromebook уреди, а како што објави аналитичката компанија IDC, ChromeOS за прв пат го надмина macOS според уделот на пазарот.
Во текот на минатата година Windows зазема 80,5 процентиод пазарот, ChromeOS 10,8%, додека macOS заврши на третото место, со 7,5 отсто. Ланската година беше посебна по многу нешта, па затоа ќе биде интересно да се види дали ChromeOS ќе продолжи со овој раст.