Фактот дека во последно време, а поради американските санкции, Huawei има проблеми во последно време, не е нов. И покрај напорите направени од компанијата да ги надмине овие санкции, ефектите се уште се чувствуваат. Затоа пристигнуваат информации дека Huawei веќе им најавил на своите снабдуввачи дека годинава ќе нарача значително помалку компоненти за своите телефони, а намалувањето веројатно ќе биде повеќе од половина. Судејќи според се, ова ќе биде најлошата година за Huawei, барем кога станува збор за бројот на продадени и произведени телефони.
Се очекува дека, според плановите за набавка на делови, оваа година компанијата ќе произведе помеѓу 70 и 80 милиони телефони. Ова намалување е поголемо од 60 проценти во споредба со 2020 година, кога беа произведени 189 милиони телефони. Некои снабдувачи дури очекуваат дека во текот на годината ќе има и дополнителни намалувања така што ќе бидат произведени околу 50 милиони смартфони.
Падот на продажбата е константен откако Huawei ја изгуби можноста да ги инкорпорира услугите на Google во своите телефони. Ова беше и причина за неодамнешната продажба на нивниот подбренд Honor, како и причината зошто Huawei веќе испадна од листата на пет најголеми производители на смартфони на глобално ниво.
Извршниот директор на Huawei, Рен Женгфеи веќе ја контактираше администрацијата на Бајден да ја преиспита одлуката, но тешко дека ќе има некои промени во однос на тоа праашње во следниот период.